а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дене

денат; дени, денете; денев, денеа; денел; денет; денав, денаа; денал; денат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 29885
1. Вовира (обично) конец во игла.
Албански: përbiroj
Примери:
Го денеше, го денеше и одвај го дена конецот.
2. ниже
Албански: rradhoj
Примери:
Дене тутун.
3. става, закачува
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Празните матарки ги денеше на закачалката на ѕидот.
4. сместува, скрива
Англиски: accommodate Албански: strehoj
Примери:
Зошто нас да нѐ денат таму?
Каде да го денам?
5. (се дене) Се крие, се засолнува.
Англиски: shelter Албански: strehoj
Примери:
Кај се дене цел ден?
Кај се дена?
Во зима нема каде да се денат.
Изведенки
денење ср.
глаг. им.