денес
Вид збор: Прилог
Ранг: 296
1.
Овој ден, денешниов ден.
Примери:
Денес е четврток.
Учителот праша кој е отсутен денес.
2.
Ова време, сега.
Примери:
Денес младите се поинакви.
Нашиот литературен јазик денеска ни се претставува со установена граматичка структура.
Слично со:
сега (прил.)
Изрази
Денес(ка) за денес(ка) - мисли за сега, не мисли за иднината.
Денес-утре - се очекува за брзо, за кусо време, кај и да е.
Живее од денес(ка) до/за утре - одвај живее, живурка.
Живее од денес(ка) до/за утре - троши безгрижно, не мисли за иднината.