директен
директни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2379
1.
Што е поврзан, што се прави без посредник.
Англиски:
direct
Албански:
i drejtpërdrejtë
директен контакт
директно прашање
директен одговор
директна врска
директен следбеник
2.
За човек - што е отворен, што не премолчува.
Англиски:
open
Албански:
i drejtpërdrejtë
Директен човек - сѐ што има, ќе ти каже.
Слично со:
отворен (прид.)
3.
За телевизиски или радиопренос - што се врши во истиот момент кога се случува настанот.
Англиски:
live
Албански:
i drejtpërdrejtë
Директен пренос на натпреварот.
Директен пренос на Евровизија.