а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дисциплина

дисциплина
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5161
1. Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив; почитување на тие правила.
Англиски: discipline Албански: disciplinë
Примери:
Војниците не ја почитуваа дисциплината.
Не трпам никаква дисциплина, сакам да бидам сосема слободен.
2. Строгост спрема самиот себе и совесност во работата.
Англиски: discipline Албански: disciplinë
Примери:
Работна дисциплина.
Тој уште од млади години беше човек со силна дисциплина на духот и телото.
3. Посебна гранка, област од некоја наука, уметност, спорт и сл.
Англиски: discipline Албански: disciplinë, drejtim
Примери:
Филозофска дисциплина.
Ликовна дисциплина.
Научна дисциплина.