а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

до

Вид збор: Префикс
1. Претставка за образување глаголи (и на други зборови изведени од нив) со значење: доведување на дејството до крај.
Примери:
догори, догради
дојаде, дослужи
2. Достигнување до некое место, граница или цел.
Примери:
доведе, досегне
дотече, доплива
3. Дополнително вршење на дејството.
Примери:
дочита, долее
досипе, докупи
4. Почеток на дејството
Примери:
доболи, дожали
дотажи, дотежне