добар
добри
Вид збор: Придавка
Ранг: 282
1.
Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите.
Примери:
Нема подобар учител од него.
Тој беше добар човек и добар татко.
Тие беа добри деца.
2.
Што е карактеристичен за човек со благ карактер.
Примери:
Тој има добра душа и добро срце.
3.
Што има позитивни особини, што е пожелен.
Примери:
добра идеја
добра намера
добро решение
Тој ни донесе добри вести.
Тој му остави добар впечаток.
Дождот е добар за посевите.
Тој имаше добар вид.
Слично со:
корисен (прид.)
4.
За семејство, род - чесен, почитуван.
Англиски:
decent
Албански:
i ndershëm
По облеката и држењето изгледаше како човек од добар род.
Таа е од многу добра фамилија.
Слично со:
почитуван (прид.)
5.
Што одговара по своите особини на одредени барања или намена.
Примери:
Јас сум добар мајстор.
Ручекот беше изобилен и добар.
Тие правеа само бело вино зашто тоа е најдобро вино.
Твојава земја е добра за компири.
Велат дека таа тревка е добра за болното уво.
Слично со:
признат (прид.)
6.
Што соодветствува на барањата, на нормите во општеството.
Примери:
добри односи
добро воспитание
добар прием
8.
За пари, печалба, приход - што е доволно голем, со значителен обем.
Примери:
Би можел да заработиш добри пари.
Тие имаат добри плати.
Овие трговци располагаат со добри парички.
9.
Што е во голем број или количество; што е во полна мера.
Англиски:
great deal
Албански:
shumë më
Во таа соба тој помина еден добар дел од својата младост.
Уште еден добар дел од минутата се двоумеше дали да го стори тоа.
Во училиштето собра доста добар број деца.
10.
Средна оценка во училиште.
Примери:
Тие поминаа со добар и многу добар успех.
Изрази
Добар ден - поздрав.
Добар пат - поздрав.
Бидете со добра мисла - поздрав.
Гледа со добро око - има убаво мислење за некого или нешто.
Добра волја - желба, намера да се направи нешто убаво за некого.
Добар глас (име) - има авторитет, ценет е во општеството, меѓу пријателите.
Добриот глас далеку се слуша.
Изведенки
1.
добричок прид.
мн. добричкиот
дем.
мн. добричкиот
дем.
2.
доброто ср.
Пример: доброто во човекот
Пример: доброто во човекот