довезе
довезат; довези, довезете; довезов, довезоа; довезол; довезен; (ќе) довезев, (ќе) довезеа; (ќе) довезел; довезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17658
1.
Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство.
Примери:
По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил.
Стоката ја довезовме со голем камион.
2.
(се довезе) Допатува, пристигне некаде со помош на превозно средство.
Примери:
Тој не пречека на врата кога утрото се довезовме со такси пред неговата куќа.
Изведенки
1.
довезува несв.
довезуваат
довезуваат
2.
довезување ср.
глаг. им.
глаг. им.