а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

довтаса

довтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18748
1. Дојде, стигне на кој било начин.
Англиски: arrive Албански: arriti
Примери:
Вечерта по мракот довтаса и Итар Пејо со својата дружина.
Од прозорецот на теќето довтаса глас.
2. Стигне некого или нешто што е во движење.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Тој го довтаса пријателот и остро му рече дека не се согласува со неговата постапка.
3. Стигне, има нешто во доволна мера.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Мислам дека ќе ти довтасаат пари за да си купиш нешто по пат.
Изведенки
довтасува несв.
довтасуваат