додели
доделат; доделија; доделил; доделен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5329
1.
Даде некому нешто врз некоја основа (награда, помош, стипендија, кредит, милостина).
Примери:
Послал картонска амбалажа на студениот мост, седнал на неа и очекува да му доделите пари.
Тие му доделија орден за храброст.
2.
Стави во должност, определи задача и сл.
Примери:
Мене ми ги доделија новите војници.
3.
Дели, подели до крај сѐ што било за делење, за давање.
Примери:
Најпосле решија да го доделат сето она што беше останало.
Изведенки
доделува несв.
доделуваат
доделуваат