а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доизбере

доизберат; доизбери, доизберете; доизбрав, доизбраа; доизбрал; доизбран; (ќе) доизберев, (ќе) доизбереа; (ќе) доизберел; доизберен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Заврши со избирањето.
Англиски: elect Албански: mbaroj zgjedhjen
Примери:
Вчера ги доизбравме народните пратеници уште во останатите неколку пункта.
2. Избере од нешто што останало.
Англиски: select Албански: zgjedh
Примери:
Ги доизбрав поубавите круши од кошницата.
Изведенки
1. доизбира несв.
доизбираат
2. доизбирање ср.
глаг. им.