доизведе
Види и:
изведе (св.)
доизведат; доизведи, доизведете; доизведов, доизведоа; доизвел; (ќе) доизведев, (ќе) доизведеа; (ќе) доизведел; доизведен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Изведе сè, сите; заврши со изведувањето.
Примери:
Пожарникарите ги доизведоа сите жртви од зградата.
Старецот не доизведе до една полјанка.
Ја доизведе равенката.
И покрај техничките проблеми, актерите ја доизведоа претставата.
2.
За птици - веде малечки до крај.
Примери:
Квачката ги доизведе пилињата.
Изведенки
1.
доизведува несв.
доизведуваат
повт.
доизведуваат
повт.
2.
доизведување ср.
глаг. им.
глаг. им.