а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доисцеди

доисцедат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Исцеди до крај, доцеди.
Англиски: squeeze out Албански: shtrydh
2. Одземе сѐ, до крај.
Англиски: exhaust Албански: sosë, harxhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Напорната работа ми ги доисцеди силите.
Проблемите му ја доисцедија свежината на лицето.
3. (се доисцеди) Се исцеди до крај.
Англиски: squeeze out Албански: sosë, harxhoj
Примери:
Се доисцедија спрострените алишта.
4. (се доисцеди) Потроши премногу, до крај сила и енергија.
Англиски: exhaust Албански: sosë, harxhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се доисцеди, сакајќи да им помогне на сите.
Изведенки
доисцедува несв.
доисцедуваат