долен
долни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1293
1.
Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина.
Примери:
долна усна
долна страна
долни гранки
долни скалила
Спротивно од:
горен (прид.)
2.
Што се наоѓа на понискиот дел од определен простор.
Примери:
Тргна по долниот пат.
Куќата беше на долниот крај на селото.
Гостите од долното одајче се разидуваа.
Сонцето ги накачи долните сртови.
Слично со:
низок (прид.)
3.
За облека - што се носи под друга облека, непосредно до телото.
Примери:
Шеткаше само по долната кошула.
Шиеше долна облека.
Им ги переа долните алишта на офицерите.
4.
Што е на понизок степен во определена хиерархија.
Примери:
Тој бил од долен сој.
Се дружеше со луѓе од долната класа.
Во долните класови целта на наставата е практична.
Го сметаше за подолен од себеси.
5.
Што е лош, нечесен.
Примери:
Господарот на замокот беше страшливец и долен човек.
Здравјето е најдолен предавник.
Ќе ги примат од нив само долните страни на нивниот карактер.
Слично со:
нечесен (прид.)