а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

долепи

долепат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24519
1. Заврши со лепењето.
Англиски: glue Албански: ngjit, lidh
Примери:
Ги долепив сите плакати.
2. Додаде нешто со лепење.
Англиски: attach, paste Албански: ngjet edhe ca
Примери:
Долепив уште неколку слики во албумот.
3. Доближи нешто до друго нешто.
Англиски: near Албански: afroj, ngjes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја долепи до себе.
Го долепи лицето до иконата.
4. (се долепи) Се доближи до некого или до нешто.
Англиски: stick Албански: ngjit, afrohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се долепив до него.
Му се долепи до увото.
Кученцето се долепи до неговите нозе.
Изведенки
1. долепува несв.
(се) долепуваат
2. долепување ср.
глаг. им.