должен
должниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 1957
1.
Што има долг за плаќање, за враќање.
Примери:
Тој никому должен не останува.
Останаа должни седумнаесет лири.
Слично со:
задолжен (прид.)
2.
Што има обврска спрема некого или нешто.
Англиски:
indebted
Албански:
kam borxh, obligacion
Тој е должен да носи пиење и јадење.
Владата е должна да преземе мерки.
Се чувствуваа должни да се прекрстат.
Слично со:
обврзан (прид.)
3.
Што е неопходен.
Англиски:
necessary
Албански:
i nevojshëm
Треба да му се оддаде должното признание.
Го слушаше со должното внимание.
Слично со:
неопходен (прид.)
Изрази
Ни крив ни должен - што нема никаква вина, што е невин.