долу
Вид збор: Прилог
Ранг: 525
1.
На ниско, на пониско место, под некое друго место.
Примери:
Со трчаница скокнала од карпата долу.
Го чекаше старецот долу на мостот.
Слезе неколку скалила подолу.
Тргна долу по ридот.
Спротивно од:
горе (прил.)
2.
На долниот дел од нешто, на дното, на крајот од нешто.
Англиски:
below
Носеше црни панталони, долги та долу широки.
Во орманот долу има една кутија од чевли.
Неговата коса беше израстена дури долу по вратот.
3.
За означување понизок степен во рангирање на нешто.
Примери:
И сега толку долу да падне, да се влечка пијан по крчмите.
Во облекувањето не паѓаше подолу од другите мариовски жени.
4.
Како извик за изразување незадоволство, негодување, протест.
Англиски:
down
Долу оружјето! Долу владата!
Долу крвопијците, да живее слободата!
Изрази
Горе-долу - приближно.
Горе високо, долу длабоко - се наоѓа во безизлезна ситуација.