дома
Вид збор: Прилог
Ранг: 374
1.
Во својот дом, в куќи.
Примери:
Имам работа дома.
Татко му е дома.
Оди си дома.
Се враќаше дома кај своите.
Дома нема никој.
2.
За означување на најблиските, на семејството.
Англиски:
in the family
Албански:
në familje
Дома како сте?
3.
За означување на домашниот терен на кој се игра некој натпревар.
Примери:
Германија загуби од Холандија дома.
Кипар дома ја победи Малта.
Изрази
Како дома да (е) - се однесува, се чувствува многу добро, удобно, спокојно.