а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

домаќински

домаќинскиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 20621
1. Што се однесува на домаќин.
Примери:
Да направиме домаќински муабет.
Му ја згази честа и домаќинското достоинство.
Ја заменуваше во сите домаќински работи.
2. Што се однесува на домаќинство.
Англиски: economical
Примери:
Ова место како да е создадено за убав, домаќински живот.
Мене не ме интересираат домаќинските курсеви.
3. Што е богат, угледен, добро воспитан.
Англиски: well-bred
Примери:
Влезе во домаќинска и богата ќуќа.
Потекнуваше од домаќинско семејство.
Доаѓаа стројници од сите домаќински фамилии.
Изведенки
домаќински прил.
Пример: Ги пречека гостите домаќински. Се држи домаќински.