а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

допадне

допаднат; допадни, допаднам, допаднете; допаднав, допаднаа; допаднал; допаднат; (ќе) допаднев, (ќе) допаднеа; (ќе) допаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3725
1. Дојде, стигне неочекувано, одненадеж.
Англиски: appear Албански: arrij
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Во одајата допадна едно дете.
Како допадна ти овдека?
2. Дојде, падне нешто некому в рака.
Англиски: fall into hands Албански: bien në duar
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Не сакам дневников да допадне во нечии раце.
Му даваа сѐ што ќе им допаднеше до рацете.
3. (се допадне) (Ми) се бендиса, (ми) остави убав, силен впечаток.
Англиски: like Албански: pëlqen
Примери:
Ни малку не му се допадна оваа глетка.
Девојката многу му се допадна.
Ми се допаднаа неговите манири.
Изведенки
допаѓање ср.
глаг. им.