допир
мн. допири
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1217
1.
Еден од петте надворешни осети што се прима преку кожата.
Примери:
Почувствува болка при допирот со жешкото железо.
Вид: сетило (ср.)
2.
Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг.
Примери:
Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело.
Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод.
Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето.
3.
Непосреден однос, врска, контакт; меѓусебно запознавање со некого или со нешто.
Примери:
Како учител, тој бил во постојан допир со народот.
Стапил во допир со редакцијата.