досегне
досегнат; досегни, досегнете; досегнав, досегнаа; досегнал; досегнат; досегнев, досегнеа; досегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7608
1.
Дофати нешто со рака или со помош на соодветно орудие.
Примери:
Тие досегнаа до пониските гранки на црешата и ги обраа.
Детето одвај можеше да ги досегне косите на мајка си.
Слично со:
дофати (св.)
2.
Допре до нешто.
Примери:
Нозете не можеа да му досегнат до подот.
Тука езерото беше плитко и веслото досегна до дното.
Слично со:
допре (св.)
3.
Се простре, се протегне до нешто.
Примери:
Погледот му досегна далеку.
Боровата шума досега до хотелот.
Посевите со житни култури досегнале до реката.
Изведенки
1.
досегнува несв.
досегнуваат
досегнуваат
2.
досега несв.
досегаат
досегаат
3.
досегање ср.
глаг. им.
глаг. им.