доста
Вид збор: Прилог
Ранг: 579
1.
Толку колку што е потребно.
Примери:
Во сандакот имаше доста храна за сите.
Ако можеш да разбереш, доста ти се и овие зборови.
Слично со:
доволно (прил.)
2.
Во големо количество, во голем број.
Примери:
Доста изгинавме на едната и на другата страна.
Познати ни се доста ракописи со црковни слова.
Се исплаши и доста време не можеше ниту збор да каже.
Слично со:
многу (прил.)
3.
За означување определен степен на некаква особина, својство, процес; во поизразена мера.
Англиски:
pritty much
Албански:
mjaft
Жената беше доста висока.
Татко му имаше доста добар имот на село.
Доста мрзливо го продолживме патот.
Слично со:
прилично (прил.)
4.
Како извик - за изразување барање да престане нешто што се прави.
Примери:
Доста сме биле робови.
Доста беше криење.
Доста ми е од тебе!
Доста веќе, не можам да те слушам.
Доста со тие глупости.
Слично со:
стига (прил.)