достапен
достапниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 5138
1.
Што е пристапен, прооден, до кој може да се дојде.
Англиски:
accessible
Албански:
i arritshëm
Пештерата е достапна само по воден пат.
Овој дел од планината е пуст и тешко достапен.
2.
Што е разбирлив, сфатлив.
Англиски:
comprehensible
Албански:
i kapshëm
За да ги направат апокрифните текстови подостапни за народот, ги украсувале со современата народна поетика.
Треба да се изнајдат форма и јазик што ќе бидат достапни за нив.
3.
Што може да се види, да се посети.
Англиски:
available
Албански:
i disponueshëm
Книгата ќе им биде достапна на широк круг читатели.
Старите споменици станаа достапни за секого.
Слично со:
видлив (прид.)
4.
Што е отворен, комуникативен, што лесно стапува во контакт со другите.
Албански:
i hapur
Секогаш намуртен и затворен во себе, тој не беше достапен за блиско другарство.
Тој беше питом и достапен човек.
Слично со:
комуникативен (прид.)
Изведенки
1.
достапно прил.
Пример: Сето тоа наеднаш ми стана достапно.
Пример: Сето тоа наеднаш ми стана достапно.
2.
достапност ж.