дразни
дразнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7144
1.
Предизвикува поголема активност на сетилата, силни чувства, возбуда, лутина.
Примери:
Лутиот прав му го дразнеше грлото.
Силната светлина ги дразни очите.
Го дразнеа дрските погледи.
2.
Задева, гиба, нервира некого.
Примери:
Децата го дразнеа со своите викотници.
Слично со:
иритира (св. и несв.)
3.
(се дразни) Се доведува во состојба на раздразнетост.
Примери:
Се дразнеше од најобични работи.
Слично со:
иритира (св. и несв.)
Изведенки
1.
дразнително прил.
Пример: Му мирисаше дразнително.
Пример: Му мирисаше дразнително.
2.
дразнење ср.
мн. дразнења
глаг. им.
Пример: Се плашеше од неговите дразнења.
мн. дразнења
глаг. им.
Пример: Се плашеше од неговите дразнења.