а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

душевен

душевни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3844
1. Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот.
Англиски: mental
Употреба: Медицина
Примери:
Душевен живот.
Душевна драма.
Душевна сила.
Душевни заболувања.
2. Што е хуман, совесен, праведен.
Англиски: spiritual
Примери:
Тој е добар и душевен човек.
Беше еден од оние душевни и човекољубиви луѓе.
Изведенки
1. душевно прил.
Пример: Душевно оболел. Душевно зарадуван.
2. душевност ж.