емитент
мн. емитенти
Вид збор: Именка, машки род
1.
Тој што емитира хартии од вредност.
Примери:
Обврзницата претставува долгорочна должничка хартија од вредност, со чија продажба емитентот доаѓа до дополнителен капитал.
2.
Тој што емитира индустриски гасови во атмосферата.
Примери:
Сечењето на шумите е вториот значаен емитент на јаглеродниот диоксид, особено во развиените земји.