а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

животно

мн. животни
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 634
1. Живо суштество способно да се движи и да чувствува (наспроти растение), обично исклучувајќи го човекот.
Англиски: animal Српски: животиња Албански: shtazë Бугарски: животно
Употреба: Зоологија
Примери:
Дворот на селската куќа беше преполн со разни домашни животни.
Во зоолошката градина видовме многу диви животни.
2. груб, некултурен човек
Англиски: animal Албански: kafshë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Подло животно беше тоа старче.
Изведенки
1. животинка ж.
мн. животинки
дем. и хип.
2. животинче ср.
мн. животинчиња
дем. и хип.