жила
мн. жили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2378
1.
крвен сад
Примери:
Ми смрзна крвта в жили.
Вратните жили му набрекнаа како врбови корења.
2.
Ткиво што ги поврзува мускулите за коските.
Примери:
Ми се здрвија жилите.
3.
Оној дел од растението што избива од коренот во земјата и низ кој растението добива храна.
Примери:
Удирав со казма по коренот што пуштил жили на сите страни длабоко вземи.
5.
Детска играчка слична на ластик со врзана кожинка на средината на која се става каменот кој се исфрла со вртење или оптегнување.
Примери:
Детето ја оптегна жилата и го фрли каменот за да погоди едно врапче.
Изведенки
1.
жиличе ср.
мн. жиличиња
мн. жиличиња
2.
жиличка ж.
мн. жилички
мн. жилички
3.
жилка ж.
мн. жилки
мн. жилки
4.
жилче ср.
мн. жилчиња
дем.
мн. жилчиња
дем.