жубор
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 28791
1.
Шум што го создава водата.
Англиски:
murmur
Албански:
shushurimë
Го слушам жуборот на изворите.
2.
Шум, џагор од човечки гласови.
Англиски:
murmur
Албански:
shushurimë
Каде и да се свртев, само жубор на туѓ јазик слушав.
3.
Шум што се создава од птиците или некои инсекти.
Англиски:
chirping
Албански:
fëshfërimë
Го слушам жуборот на птиците.
Се слушаше само жубор од исплашени жужлиња и жегалци.