за
Вид збор: Предлог
Ранг: 16
1.
Фаќање, држење нешто кон кое е насочено дејството.
Кога слушна, се фати за коса.
По целиот пат ја држеше за рака.
2.
Цел, насоченост на глаголското дејство.
Говедарот го собира добитокот за пасење.
3.
Крајна цел на движењето.
Утре рано заминувам за Битола.
4.
Намена на нешто.
Располагаме со секаква опрема за заштита од пожари.
Овој материјал е само за здолништа.
5.
Погодност за вршење или невршење на некое дејство.
Имавме идеално време за вежбање.
Ти си мома за мажење.
6.
причина
Го критикувавме за таквото негово однесување.
Никој не му честита за женењето на син му.
7.
Соодветно вреднување, сразмерност, количество, цена на нешто при купување, замена и сл.
За три настапи ќе добиеш цела плата.
Купил шеќер за илјада денари.
Око за око, заб за заб.
8.
Споредба на различни нешта, неидентичност.
Мерењето покажува дека дозволената тежина ја надминуваш за цели пет килограми.
Копијата за нијанса се разликува од оригиналот.
9.
Времетраење: последователност.
Ден за ден си врвеше, а ние чекавме беспомошни.
10.
Времетраење: измореност.
На сите прашања треба да одговорите за петнаесет минути.
11.
Времетраење: конкретност.
Цело село се собира за Водици.
13.
Предмет на дејство со некои глаголи како зборува, мисли, се сеќава, прашува, се интересира и сл.
Зборувавме за сè и сешто.
Дали си размислувал за последиците што ќе настанат?
Прашуваат за тебе и твојот вујко.
14.
Дополнување, дообјаснување на предметот на дејството според некој признак (функција, звање, својство и сл.)
Да ви се пофалам дека ме назначија за прв секретар.
Ректорот го прогласи некогашниот лектор по италијански јазик за почесен доктор на скопскиот Универзитет.
15.
Одзади, од другата страна.
Гано Загорјано, зајдело е сонце за гора зелена, за сење, за јасење, за високо борје.
17.
Чувствен однос или личен став кон нешто.
Човекот е за гревови, немојте да се смеете.
За среќа, не бев во собата кога се случи тоа.
За големо чудо, се премисли џелатот и никого не стрела таа ноќ.
18.
желба, здравица
Ја кревам оваа чаша за ваше здравје и за успех во работата.
19.
Заедно со некој друг предлог, обично придава значење на намена, цел.
Се облекла како за на бал.
Два бајрака, едниот за на свадба, другиот за на војска.
Не треба да излегува, не е за пред луѓе.
Перничево е добро за под глава.