а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забавува

забавуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4689
1. Разонодува, занимава некого.
Англиски: entertain Албански: argëton, dëfren
Примери:
Со своите песни и игри жените ги забавуваа војниците.
Телевизијата со некои свои емисии ги забавуваше и возрасните и децата.
2. (се забавува) Се разонодува, ужива во нешто.
Англиски: entertain Албански: argëtohem, zbavitem
Примери:
Денеска баш добро се забавувавме.
Сите се забавуваа и се веселеа.
3. (се забавува) Има љубовна врска со некого.
Албански: argëtohet
Примери:
Таа се забавува со едно момче од нашата улица.
Тие се забавуваат две години.
4. задоцнува, касни
Англиски: delay Албански: ngadalsoj
Изведенки
забавување ср.
глаг. им.