забега
забегаат; забегал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29927
1.
Почне да бега.
Примери:
Се отфрли на колена и забега надолу по улицата.
Се сврте и пак забега низ ластунките.
Слично со:
бега (несв.)
2.
Избега, пребега.
Примери:
Сакаше да забега и да се скрие некаде.
Тој забегал дури во Бугарија.
Слично со:
избега (св.)
3.
Претера во нешто, излезе од тоа што е нормално, вообичаено.
Примери:
Тој забега во однесувањето.
Слично со:
претера (св.)