забие
забијат; забиј, забијте; забив, забија; забил; (ќе) забиев, (ќе) забиеја; (ќе) забиел; забиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11276
1.
Со удар или со притисок направи нешто да навлезе во друго нешто.
Примери:
Никој не виде кога му го забија ножот во градите.
Ќе забиеме кол в земја и ќе го врземе коњот.
2.
Изврши предавство, предаде некого.
Примери:
Му заби нож во грбот.
3.
(се забие) се забоде, се вовлече
Примери:
Мечот се заби во неговите гради.
Нечии нозе се забија во слабините на шумарот.
Слично со:
забоде (св.)
Изведенки
1.
забива несв.
(се) забиваат
(се) забиваат
2.
забивање ср.
глаг. им.
глаг. им.