а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забрза

забрзаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4410
1. Почне да брза.
Англиски: accelerate Албански: përshpejtoj
Примери:
Забрза по улицата.
Го забрза чекорот.
Го забрзаа одот.
2. Направи да се врши, да се одвива нешто побрзо.
Англиски: speed up Албански: përshpejtoj
Примери:
Земјоделците ја забрзаа сеидбата на житни култури.
Го забрзавме прокопувањето на тунелот.
3. (се забрза) Почне да се брза.
Англиски: hurry Албански: përshpejtohem
Примери:
Тој поцрвене и се забрза.
По надолништето сите се забрзаа.
Изведенки
1. забрзува несв.
(се) забрзуваат
2. забрзување ср.
глаг. им.