завивка
мн. завивки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 41751
1.
Ткаенина што служи за покривање.
Примери:
Се пикна под топлата завивка и заспа.
Секоја девојка што се мажи носи постели и завивки.
Слично со:
покривач (м.)
2.
Нешто што служи за завивање, за завиткување.
Примери:
Во торбата најде само една завивка.
Се загледа во завивката на мојата глава.
Слично со:
завој (м.)