а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завика

завикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11560
1. Почне да вика.
Англиски: shout Албански: bërtas
Примери:
Завика овчарот по нас и се стрча надолу.
Уште од надворешната врата завика по жена си.
2. Нарече некого со определено име.
Англиски: name Албански: emëroj
Примери:
Имаше нос како клун и затоа го завикаа Орелот.
Сосетката родила ќерка и си ја завикала Калина.
3. (се завика) Се нарече со определено име.
Англиски: rename Албански: riemërtoj
Примери:
Се завикаа така еден со друг откако дознаа дека ни едниот нема вистински брат.
Бил Инокентие и пак се завикал Наум.