завладее
завладеат; завладеј, завладејте; завладеав, завладеаја; завладеал; завладеан; (ќе) завладеев, (ќе) завладееја; (ќе) завладеел; завладеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4731
1.
Воспостави своја власт, освои нешто.
Примери:
Војската завладеа со градот.
Бегот го завладеал целото село.
2.
Настане, настапи некаква состојба.
Примери:
Во салата завладеа тишина.
Во собата завладеа паника и метеж.
3.
Обземе некого некакво чувство.
Примери:
Го завладеа мрачно чувство на осаменост.
Меѓу нив завладеа омраза.
Изведенки
1.
завладува несв.
завладуваат
завладуваат
2.
завладување ср.
глаг. им.
глаг. им.