загази
загазат; загазил; загазен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15135
1.
Почне да гази.
Примери:
Загазив во студената вода.
Тој загази во снегот.
Загази по дебелата волнена простирка.
Слично со:
гази (несв.)
2.
Изгази овде-онде.
Примери:
Местото го загази и го направи гумно со стожер.
Воловите ја загазија тревата.
3.
Навлезе во некоја работа, состојба (обично во негативна смисла).
Примери:
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите студии.
Загази во долгови.
Загазивме во гревови.
Слично со:
навлезе (св.)
Изведенки
1.
загазува несв.
загазуваат
загазуваат
2.
загазување ср.
глаг. им.
глаг. им.