загине
загинат; загини, загинете; загинав, загинаа; загинал, загинале; загинат; загинев, загинеа; загинел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1714
1.
Изгуби живот.
Примери:
Во таа борба загинале тројца партизани.
Tој загина во авионска несреќа.
Слично со:
умре (св.)
2.
Загуби, изгуби нешто.
Примери:
Во планината го загинав новиот џемпер.
Ми загина ножето.
Слично со:
загуби (св.)
3.
Исчезне, се изгуби од видик, за определено време и сл.
Примери:
Неговата црна силуета загина некаде удолу по долината.
Каде загинавте вие деновиве?
4.
(се загине) Се загуби, се изгуби некаде.
Примери:
Детето се загина вчера, одвај го најдовме.
Слично со:
изгуби (св.)
Изведенки
1.
загинува несв.
(се) загинуваат
(се) загинуваат
2.
загинување ср.
глаг. им.
глаг. им.