заглави
заглават; заглавил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6633
1.
Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече.
Англиски:
get stuck
Албански:
ngulis, bllokoj
Пушката ја заглави меѓу два камена.
Тој ја заглавил секирата во тврдото стебло на дабот.
2.
Настрада, пропадне, западне во незгода.
Примери:
Заглавив во некои урнатини и не можев да излезам од нив.
Во таа работа брзо ќе заглавиш.
Слично со:
настрада (св.)
3.
(се заглави) Се вовлече, се пикне во нешто.
Примери:
Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
Детето се заглави меѓу решетките од оградата.
4.
(се заглави) Се оневозможи движење, се создаде застој.
Примери:
Се заглавија на вратата од вагонот.
Нешто се заглави во машината.
Изведенки
1.
заглавува несв.
(се) заглавуваат
(се) заглавуваат
2.
заглавување ср.
глаг. им.
глаг. им.