загрижи
загрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6920
1.
Предизвика грижа некому.
Англиски:
worry
Албански:
shqetsohem, merakos
Не ѝ зборував за моите проблеми за да не ја загрижам.
Нив ги загрижило тоа што уште немаат дете.
Долгата суша сите нѐ загрижи.
2.
(се загрижи) Стане загрижен, го опфати грижа.
Англиски:
worry
Албански:
shqetsohem
Мајка ѝ се загрижи за нејзиното здравје.
Другарите се беа загрижиле за него.
Загрижи се малку за работата.
Изведенки
1.
загрижува несв.
(се) загрижуваат
(се) загрижуваат
2.
загрижување ср.
мн. загрижувања
глаг. им.
Пример: Нема потреба од никакви загрижувања.
мн. загрижувања
глаг. им.
Пример: Нема потреба од никакви загрижувања.