а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загрижи

загрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6920
1. Предизвика грижа некому.
Англиски: worry Албански: shqetsohem, merakos
Примери:
Не ѝ зборував за моите проблеми за да не ја загрижам.
Нив ги загрижило тоа што уште немаат дете.
Долгата суша сите нѐ загрижи.
2. (се загрижи) Стане загрижен, го опфати грижа.
Англиски: worry Албански: shqetsohem
Примери:
Мајка ѝ се загрижи за нејзиното здравје.
Другарите се беа загрижиле за него.
Загрижи се малку за работата.
Изведенки
1. загрижува несв.
(се) загрижуваат
2. загрижување ср.
мн. загрижувања
глаг. им.
Пример: Нема потреба од никакви загрижувања.