заден
задни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2361
1.
Што се наоѓа одназад, одзади.
Англиски:
back
Се упати кон задниот дел од двориштето.
Мечката се подигна на задните нозе.
заден џеб
задна врата
задно седиште
Спротивно од:
преден (прид.)
2.
Што е последен по ред, краен, завршен.
Англиски:
hind
Му требаше уште еден чекор за да ја искачи задната скала.
Стоеше исплашен во задните редови на толпата.
3.
Што е скришен, подмолен, нечесен.
Примери:
Прашуваше без врска и со задна намера.
Имаше пријател што го советуваше без никакви задни мисли.
Изрази
Е (стави, остане) во заден план - е од (добие) второстепена важност.