а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заземе

заземат; заземи, заземете; зазедов, зазеде, зазедоа; зазел; заземев, заземеа; заземел; заземен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1973
1. Окупира или освои град, земја, територија.
Англиски: conquer Албански: marr, pushtoj
Примери:
Непријателот ги зазел клучните позиции.
2. Образува или искаже мислење.
Англиски: take Албански: marr
Примери:
Јас зазедов спротивен став.
3. Освои одредено место во натпревар.
Англиски: take Албански: marr, fitoj
Примери:
Го зазедовме првото место.
4. Смени или наследи некого.
Англиски: take Албански: ndërroj, trashëgoj
Примери:
Тој го зазеде новото директорско место.
5. има, држи
Англиски: take Албански: marr, zë
Примери:
Тој период зазема важно место во неговиот живот.
6. Исполнува (време или простор).
Англиски: take Албански:
Примери:
Мебелот зазема премногу простор.
7. (се заземе) Интервенира кај некого во нечија полза.
Англиски: intervene Албански: intervenoj
Примери:
Го замолија премиерот да се заземе за неговиот случај.