а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заигра

заиграат; заиграл
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4003
1. За оро, танец - почне да игра.
Англиски: dance Албански: kërcej
Употреба: Музика и танц
Примери:
Младенците заиграа колку за адет.
Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба.
2. За друг вид игра - почне да игра.
Англиски: play Албански: luaj
Примери:
Децата заиграа во песокта.
Тие заиграа карти.
3. Натера некој да игра, го занесе во играта.
Англиски: play Албански: luaj
Примери:
Таа го заигра девојчето со една кукла.
4. Направи некаков вид игра, некакво движење, мрдање.
Англиски: play Албански: luaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кучето весело заигра околу неговите нозе.
Сенката му заигра по ѕидот.
Насмевка му заигра околу усните.
5. Затрепери од радост, возбуда.
Англиски: tremble Албански: dridhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Срцето му заигра од радост.
Осетив како ми заигра целата снага.
6. (се заигра) Се занесе во игра.
Англиски: play Албански: luan
Примери:
Детето се заигра со новата играчка.
Мажите се заиграа карти.
Изведенки
1. заигрува несв.
(се) заигруваат
2. заигрување ср.
глаг. им.