закани
заканат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12904
1.
Почне да кани, да повикува на нешто.
Примери:
Штом ќе ме види, ќе ме закани да му одам на гости.
Слично со:
кани (св. и несв.)
2.
Почне да кани, да нуди со нешто.
Англиски:
offer
Ме заканија да земам од зелникот.
Слично со:
кани (св. и несв.)
3.
Заплаши, застраши некого.
Примери:
Тие му се заканија со тупаници.
Судијата се закани дека ќе го прекине мечот.