заклетва
мн. заклетви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9382
Свечено ветување дадено јавно и на определен начин дека нешто ќе се направи, дека ќе се зборува вистината.
Примери:
Војниците дадоа свечена заклетва дека ќе ја бранат татковината.
Тој ја прекрши заклетвата.
Сведоците зборуваа под заклетва.
Слично со:
клетва (ж.)
Изрази
Положи (даде) заклетва - се заколне.