заклучи
заклучат; заклучил, заклучиле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1361
1.
Затвори со клуч.
Примери:
Тој ги заклучи фиоките на бирото.
Ја заклучи надворешната врата.
Слично со:
затвори (св.)
2.
Стави под клуч некого или нешто.
Примери:
Тој ги заклучил децата во куќата.
Бакалот ги заклучи вреќите со брашно во визбата.
3.
Изведе, донесе заклучок.
Примери:
Важно е да заклучат дека си чесен и побожен човек.
Тој заклучи дека работата е сериозна.
Слично со:
констатира (св. и несв.)
4.
Заврши, стави крај на нешто.
Англиски:
finish
Албански:
mbyll, përfundoj
Претседавачот го заклучи состанокот доцна попладне.
Слично со:
заврши (св.)
5.
За сметка - направи завршна пресметка.
Примери:
Тие ги заклучија сметките за овој месец.
Слично со:
пресмета (св.)
6.
(се заклучи) Се затвори со клуч.
Примери:
Таа се заклучи во собата и почна да плаче.
Изведенки
1.
заклучува несв.
(се) заклучуваат
(се) заклучуваат
2.
заклучување ср.
глаг. им.
глаг. им.