заклучок
мн. заклучоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1516
1.
Конечен суд што логично се изведува врз основа на други судови, мислења.
Англиски:
conclusion
Албански:
konkluzion, vendim
погрешен заклучок
важен заклучок
2.
Решение, одлука врз основа на нешто.
Англиски:
conclusion
Албански:
vendim
Заклучокот на комисијата беше позитивен.
Судот донесе заклучок по кратка постапка.
Слично со:
решение (ср.)
3.
Последен дел, извод од некое излагање, творба и сл.
Англиски:
conclusion
Албански:
mbarim
Заклучокот на магистерската теза е многу долг.