а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залак

мн. залаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2701
1. Парче леб што наеднаш се става в уста, се џвака и се голта.
Англиски: bite Албански: kafshatë
Примери:
Одвај го голтна последниот залак.
Hа секој залак испиваше чаша вино.
Си пикаше големи залаци во устата.
2. (само едн.) храна, леб
Англиски: food Албански: kafshatë, bukë, ushqim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го сакаше добриот залак.
Молеше за залак леб.
Каснаа по некој залак.
Изрази
Ми (ти, му...) ги брои залаците - не дава некому доволно да јаде, внимава колку некој ќе изеде.
Ми (ти, му...) застана залакот в грло - од возбуда, страв и сл. не може да голта.
Ми (ти, му...) го зема залакот од уста - ограбува некого; лишува некого од основното за опстанок, од средствата за живот.
Си куси од залакот - се лишува од тоа што е најнеопходно.
За еден залак леб е страден - многу е сиромашен.
Ни еден залак не му се дава - за голем скржавец, циција.
Голем залак касни, голем збор не вели - внимавај што ќе кажеш.
Од првниот залак посладок нема - тоа што прво ќе го заработиш, ќе го земеш, е најдобро, најубаво.
Изведенки
залаче ср.
мн. залачиња
дем. и хип.